Министерството за здравство со препораки за заштита од аерозагадувањето

07.12.2018 12:59

Доколку ПМ-10 честичките два дена по ред се над 100 микрограми на кубен метар, треба да се ограничи престојот на отворено, посебно на хронично болните и на децата, и да се користи јавниот превоз. Ослободување од работа на трудниците и на лицата постари од 60 години ако вредностите се над 200 микрограми.

Министерството за здравство со препораки за заштита од аерозагадувањето. Доколку ПМ-10 честичките два дена по ред се над 100 микрограми на кубен метар, треба да се ограничи престојот на отворено, посебно на хронично болните и на децата, и да се користи јавниот превоз. Ослободување од работа на трудниците и на лицата постари од 60 години ако вредностите се над 200 микрограми.

„Доколку концентрацијата на ПМ-10 честичките надмине 200 микрограми на метар кубен, ние ќе излеземе и со дополнителни мерки, во смисла на ослободување од работните обврски кај бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронични белодробни заболувања, како хронична астма, лицата со преживеан миокарден инфаркт или мзочен удар“, вели министерот за здравство, Венко Филипче.

Од Министерството за здравство велат дека во овие услови, астматичните лица треба да се под опсервација, и дека во услови на аерозагадување треба да се избегнуваат масовни собири, што е една од препораките во овој период.