ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да ги примени мерките за спречување на енормното аерозагадување предложени од ВМРО-ДПМНЕ

07.12.2018 13:04

Партијата бара министерот да ги примени мерките за спречување на енормното аерозагадување предложени од ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче по месец дена, по толку апели од граѓаните и откако се наполнија клиниките со луѓе со респираторни проблеми, реши да се разбуди од зимскиот сон и да воведе превентивни мерки“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата бара министерот да ги примени мерките за спречување на енормното аерозагадување предложени од ВМРО-ДПМНЕ.

„Да се овозможи целосна бесплатна здравствена заштита, особено за децата и хронично болните, да се започне со градба на секундарната гасификациона мрежа, паралелно си примарната, да се врши редовна инспекциска контрола, да се овозможи бесплатен градски превоз додека трае загадувањето“, предлага опозициската партија.