Метео: Врнежи од дожд и снег за викендот

07.12.2018 13:19

Во текот на ноќта кон понеделник поради спуштање на постуден воздух од север снег ќе има и на некои повисоки места, а на некои пониски места врнежите ќе бидат од дожд и од снег.

За време на викендот утре попладне и во ноќните часови кон недела се очекуваат повремени врнежи од дожд особено во западните делови од Македонија. На планините се можни врнежи од снег.

Во недела во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во текот на ноќта кон понеделник поради спуштање на постуден воздух од север снег ќе има и на некои повисоки места, а на некои пониски места врнежите ќе бидат од дожд и од снег.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска