Се бира наследник на Меркел на чело на ЦДУ

07.12.2018 14:11

Најсериозни кандидати за нов лидер се Ангрет Камп Каренбауер и Фридрих Мерц. 56-годишната Каренбауер е прва жена генерален секретар на партијата и министер за внатрешни работи.

Германската канцеларка Ангела Меркел и официјално најави повлекување од лидерската функција на нејзината Христијанско- демократска партија.

На когресот во Хамбург, ЦДУ треба да одбере тројца кандидати што ќе ја заменат Меркел на лидерската позиција. Таа беше претседател на владеачката германска партија 18 години.

Најсериозни кандидати за нов лидер се Ангрет Камп Каренбауер и Фридрих Мерц. 56-годишната Каренбауер е прва жена генерален секретар на партијата и министер за внатрешни работи.

63-годишниот Мерц е високорангиран член на ЦДУ и бизнисмен. Бил и пратеник во Бундестагот.

Третиот кандидат е 38- годишниот Јенс Спан. Кој се смета за иден лидер во партијата, но со мали шанси да биде избран на таа позиција на овој конгрес.

Меркел реши да ја напушти лидерската позиција по катастрофалните резултати на Демохристијаните на изборите во Баварија и Северна- Рајна Вестфалија.