Сивата економија го уништува еснафот и прави штета на буџетот
Во Скопје има 5.000 регистрирани занаетчии, двојно поголем е бројот на оние кои работат на црно. Сивата економија освен што му прави штета на буџетот го уништува и еснафот. Од Комората на занаетчии бараат да се зајакне инспекцискиот надзор. Од Државниот инспекторат пак, велат дека е мал бројот на инспектори...

Сивата економија го уништува еснафот. Од 5.000 регистрирани занаетчии во Скопје, речиси двојно е поголем бројот на оние кои работат на црно. Комората бара засилени инспекциски контроли. Штета трпи и еснафот и буџетот.
Регистрираните занаетчии се жалат дека плаќаат даноци на државата, а оние кои работат на црно и не придонесуваат со ништо во државната каса, сепак ги имаат истите бенефиции.
Од Државниот пазарен инспекторат велат дека се засилени контролите на терен, но немаат доволно инспектори. Засега работат 20- ина, но поголемиот дел од нив наредната година ќе се пензионираат. Најказнувани се автомеханичарите, фризерите, козметичките салони кои работеле без лиценца.
Од Комората побараа средното стручно образование да биде по теркот на еснафот, но младите својата иднината не ја гледаат во занаетот. На пазарот има недостиг од бравари, саатчии, пластичари.
Викторија Милевска
