Безбедносни и економски придобивки со влезот во НАТО
Членството во НАТО значи поголема безбедност и сигурност, но и поголем економски раст и развој, вели министерката за одбрана Шекеринска. Додава дека тоа го покажува искуството на другите земји членки. Македонија е посветена на исполнувањето на реформите, оцени Шекеринска...

Ескпертската јавност е сложна, државата ќе има безбедносни и економски придобивки со интеграција во НАТО. На граѓанската дебата во организација на Институтот за европска политика беше истакнато дека членството на Македонија во Алијансата ќе обезбеди цврста основа за заштита на безбедноста и мирот. Во истражувањата се анализирале и безбедносните ризици за земјата, косовското прашање, мигрантската криза и влиjанието на Русија.
Сепак, во фокуст се економските придобивки. По изработената компaративна анализа со државите во соседството, утврдено е дека членството во НАТО позитивно се одразува на БДП, инвестициите, вработеноста.
Министерката за одбрана уверува дека на почетокот на следната година Македонија ќе биде дел од Алијанста. Преостанува финализирање на уставните промени предвидени со Преспанскиот договор, по што се очекува почнување на процесот на ратификацијата од земјите- членки.
Марина Стојанова- Тонева
