50 проценти од граѓаните досега се регистрирале во електронскиот систем на УЈП
Само 50 проценти од граѓаните досега се регистрирале на апликацијата е- персонален данок на Управата за јавни приходи. Оттаму потсетуваат на крајниот рок 31-ви декември...

Само 50 проценти од граѓаните досега се регистрирале во електронскиот систем за персонален данок. УЈП укажува дека остануваат уште 20-ина дена до кога треба да пристигнат уште 400 илјади пријави. Од обврската се ослободени пензионерите.
Управата идната година треба да ја спроведе новата даночна реформа за прогресивното оданочување.
Со Агенцијата за финансисика поддршка во земјоделство е потпишан меморандум за соработка за целосна евиденција на данокот и за побрза обработка на апликациите за ИПАРД програмите за рурален развој.
Размената на податоците ќе почне со обработка на апликациите на општините.
Дијана Ценевска
