Комеморативна седница во македонското Собрание по повод смртта на Љубиша Георгиевски
Љубиша Георгиевски заминува од овој свет, но зад него останува неговото дело, театарските претстави, драми, филмови, книги, неговиот политички ангажман, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери на коморативната седница по повод смртта на поранешниот собраниски спикер и режисер. Георгиевски безрезервно ја користеше моќта на своето перо...

На свој начин ги спои театарот и политиката, се залагаше за поголема одговорност на законодавниот дом преку изработка на нов Деловник за работа. Во политиката, Љубиша Георгиевски на прво место го ставаше човекот и неговите права и слободи, рече спикерот Џафери на комеморативната седница.
Колку силна била слободарската мисија на Георгиевски, потврдува човекот што беше портпарол во неговиот кабинет. За големата загуба, говорат и пратениците.
Георгиевски зад себе го остави неговото дело, неговите претстави, драми, филмови, книги, како наследство за идните генерации. Освен на полето на уметноста, беше активен и во политичкиот живот како претседателски кандидат, амбасадор и претседател на Собранието од 2006-та до 2008-ма година.
Фиљана Кока
