Рамчиловиќ: Подготвена е нацрт-верзијата на Законот за амнестија
07.12.2018 15:03
Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ вели дека е најдено решение за Законот за амнестија.

Подготвена е нацрт- верзија, Телото за интеграција, реформи и помирување ќе заседава в понеделник. Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ вели дека е најдено решение за Законот за амнестија.
„Најдовме правни формулации со кои можеме на некој начин да не влијаеме врз судството, но да донесеме решенија со кои ние како Собрание можеме да донесеме акт, закон кој би амнестирал одредени групи, додека одредени би останале за понатамошна постапка, се со цел да се знае вистината и да се дојде до правда, што би било во интерес на јавноста и на држвата, а што не би го загрозило интегративниот пат кон ЕУ“, изјави пратеникот Рамчиловиќ
