Економија

Анѓушев: В година за 36 отсто повеќе средства за финансиска поддршка на компаниите

07.12.2018 16:22

В година ќе има за 36 проценти повеќе пари за финансиска поддршка на компаниите, најавува Владата. Бизнисмените очекуваат подобрување на деловната клима преку намалувањето на казните за компаниите...

Во 2019-та ќе има 36 насто повеќе средства за финансиска поддршка на македонските компании. Годинава тоа го искористиле 100 фирми, а поддршката е за оние кои инвестираат, најави вицепремиерот Кочо Анѓушев, при денешната посета на Прилеп. Анѓушев е убеден дека со решавањето на проблемот за приклучување кон евроатлантските интеграции, се зголемува интересот за инвестирање во Македонија.

Веќе во јануари германска фирма за висока технологија ќе ја обзнани инвестицијата од 100-ина милиони евра за вработување на високо- технолошки кадар, што е неопходно младите луѓе да се задржат во земјава.

Прилепската стопанска комора е задоволна што се намалаија казните за малите и средни претпријатија.

Анѓушев пред стопанствениците од Пилепско- пелагонискиот регион најави дека в година при финансиската поддршка на компаниите ќе се избегнат административните процедури.

 

Елизабета Ристеска