Почина тивката дама на македонското актерство, Љупка Арсова- Џундева
Нејзината последна улога беше пред три години, како Марина во претставата „Вујко Вања“ од Чехов, во режија на Зоја Бузалковска.

Почина Љупка Арсова- Џундева, тивката дама на македонското актерство. Родена е во 1934 година. Во МНТ работеше во текот на целата своја професионална кариера, сѐ до 1990 година кога замина во пензија.
Нејзината последна улога беше пред три години, како Марина во претставата „Вујко Вања“ од Чехов, во режија на Зоја Бузалковска.
„Џундева секогаш со гордост истакнуваше дека припаѓа на втората генерација актери на некогашната Висока театарска школа, а со тоа е дел од создавањето на поновата историја на театарската уметност во Македонија. Нејзиниот ентузијазам и копнеж по театарската сцена, но и нежниот и милозвучен карактер, безвременска убавина, романтична појава и жесток став во негувањето на звучниот мајчин јазик ја направи миленичка на театарските режисери, но и на широката театарска, филмска и телевизиска публика“, велат од МНТ.
