Извлечени полуфиналните двојки во Купот на РМ

08.12.2018 09:41

Екипата на Шкендија, која што триумфира минатата сезона, беше елиминирана од прилепска Победа, што значи македонскиот фудбалски Куп ќе добие нов освојувач.

Претпоследниот филтер во најмасовното фудбалско натпреварување ги доби имињата во двата двомеча - Беласица против Македонија ЃП, односно Академија Пандев против Победа.

Екипата на Шкендија, која што триумфира минатата сезона, беше елиминирана од прилепска Победа, што значи македонскиот фудбалски Куп ќе добие нов освојувач.

Победа (2002) и Македонија ЃП (2006) имаат по еден пехар во ова натпреварување, Беласица има две финалиња во републичкиот Куп (1961, 1963) кога загуби од Победа.

Првите мечеви ќе се играат на 27-ми февруари, реваншите ќе бидат одиграни на 10-ти април. Финалето ќе се игра во мај.