Гевгелиското дерби за Блокотехна

10.12.2018 10:22

Актуелниот првак победи против Шкупи со 96:58, со што ја задржа предноста од една победа повеќе пред Фени Индустри, Гостивар и МЗТ Скопје Аеродром.

Блокотехна победи на гостувањето кај Кожув со 64:74 и остана на врвот на табелата во македонското кошаркарско првенство. По 9 кола, има скор 8 победи и 1 пораз, пред Работнички со 7 победи и 1 пораз.

Актуелниот првак победи против Шкупи со 96:58, со што ја задржа предноста од една победа повеќе пред Фени Индустри, Гостивар и МЗТ Скопје Аеродром.

Екипата од Кавадарци славеше кај Куманово со 74:86, гостиварци немаа милост за Пелистер и победија со 118:60, Охрид тесно победи против конкурентот на дното на табелата, Вардар со 83:80.

Екипата на македонскиот вицепрвак и учесник во АБА 2 лигата, МЗТ Скопје, беше слободна во рамките на 9-та рунда од домашното првенство.

Фото: КК Блокотехна