Вардар и Металург, „стандардно“ во СЕХА лигата

10.12.2018 10:23

Најдобри поединци кај црвено-црните беа Дизингер со 5 гола, Чупиќ и Кристопанс со по 4 погодоци, а кај поразените домаќини се истакнаа Павловиќ и Вејин.

Македонскиот шампион победи на гостувањето кај Железничар, со 22:24 и се врати на лидерската позиција во регионалното натпреварување, со деветтата победа во 11-то коло сезонава.

Најдобри поединци кај црвено-црните беа Дизингер со 5 гола, Чупиќ и Кристопанс со по 4 погодоци, а кај поразените домаќини се истакнаа Павловиќ и Вејин.

Металург повторно беше поразен, на последниот меч одигран на домашен терен, со 28:34 од белорускиот претставник Мешков Брест, кој што се бори за пласман на завршниот Ф4 турнир во СЕХА.

Рибеиро постигна 8 гола во дресот на Металург, а Ивиќ и Ѓорѓиќ постигнаа по 10 гола за гостите, во натпревар што се играше во СЦ Јане Сандански.

Во последните две кола во 2018-та, Металург игра на гости кај Нашице и Извиѓач, а Вардар со Тартан и кај Стеауа.

Фото: Сеха Лига