Ривер е супершампион на Јужна Америка
Стрелци на головите беа Бенедето во 44-та минута за 0:1, изедначи Прато во 68-та минута. Во продолженијата, погодија Кинтеро во 102-та минута и Мартинез во 120+2, со што беше ставен печат на последното јужноамериканско финале што се игра во два натпревара.

Ривер Плејт ја освои четвртата титула во Копа Либертадорес, со победата од 3:1 (2:2) во реваншот од аргентинското финале против Бока Јуниорс, што се одигра на Сантијаго Бернабеу во Мадрид, поради нередите што ги правеа навивачите во Буенос Аирес.
Стрелци на головите беа Бенедето во 44-та минута за 0:1, изедначи Прато во 68-та минута. Во продолженијата, погодија Кинтеро во 102-та минута и Мартинез во 120+2, со што беше ставен печат на последното јужноамериканско финале што се игра во два натпревара.
Во финалињата на Јужна Америка нема правило „гол на гостински терен“ и затоа по нерешениот резултат се играа продолженија. Со втората титула во последните 4 сезони (2105) во ова натпреварување, бело-црвените ќе учествуваат на клупското СП кое што почнува на 12-ти декември во ОАЕ.
Рекордер во Копа Либертадорес е Индепендиенте со 7 титули, Бока има 6, Пењарол (Уругвај) има 5, пред Ривер Плејт и Естудијентес со по 4. Аргентинските екипи имаа 25 титули, пред бразилските кои што имаат вкупно 18, последната ја освои Гремио минатата година.
