Продолжува судењето за собраниските настани од 27-ми април

10.12.2018 10:44

Одбраната на Митко Чавков предложи двајца сведоци, на Душко Лазаров тројца и Горан Ѓошевски двајца сведоци, меѓу кои Трајко Вељаноски.

Судењето за случувањата во Собранието на 27-ми април минатата година продолжува денеска со сослушување сведоци предложени од одбраната.

Одбраната на Митко Чавков предложи двајца сведоци, на Душко Лазаров тројца и Горан Ѓошевски двајца сведоци, меѓу кои Трајко Вељаноски.

Дополнителни сведоци предложи и одбраната на обвинетите Богдан Илиевски – пет сведоци, Борис Дамовски и Јане Ченто по еден и Абдулфета Алими, кој го предлага пратеникот Зијадин Села.

На претходното рочиште своја одбрана даваше обвинетиот Александар Василевски-Нинџа, а на негов предлог беа сослушани и сведоците Дејан Димкоски – Боксер, Веле Петрушевски и Благоја Василевски. Во судот сослушан беше и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски, кој беше спроведен од притвор.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена и треба да продолжи по еден месец.

Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.