Легализација на земјоделските објекти до крајот на годинава
До крајот на годинава фармерите кои го немаат решено статусот на фармите, можат да поднесат барање за легализација. Документите треба да се поднесуваат во општините каде што живеат. Ова право досега го искористиле мал број земјоделци поради што рокот за легализацијата на земјоделските објекти е продолжен...

До крајот на годинава земјоделците можат да достават барања за легализација на изградените објекти и фарми на градежно земјиште. Со измените на законот, рокот за легализација на дивоизградените објекти е продолжен за една година. Барањата треба да се поднесат во општините на живеење.
Досега бројот на земјоделските стопанства кои добиле имотни листови е исклучително мал и поголем број од нив ја немаат искористено оваа законска можност.
Нерегулираниот статус на објектите за земјоделска намена негативно влијае на инвестициите за модернизација и реструктуирање на земјоделските стопанстава како и користење на државната финансиска помош за земјоделството.
Со стекнувањето на имотните листови, исто така фарми ќе добијат и финансиска вредност, која што земјоделците ќе можат да ја искористат за подигнување на кредити за нивно реновирање и обнова.
Воедно, со легализацијата ќе можат да остварат и правото за аплицирање за мерките од ИПАРД програмата и од Националните програми, што ќе влијае врз обемот и квалитетот на производството.
Методија Трајков
