„Кам бек“ на Федерер!
Иако има 32 години и е осми на светската ранг листа, Роџер Федерер не е за отпишување. По речиси девет месеци Федерер конечно освои трофеј и тоа на турнирот од серијата 500 во Дубаи. Во финалето Швајцарецот со 2:1 (3:6, 6:4. 6:3) беше подобар од чешкиот тенисер Томаш Бердих. За Федерер ова е 78 титула во кариерата, прва годинава и шеста во Дубаи со што е најуспешен во историјата на овој турнир.

За трофејот на турнирот од иста категорија во Акапулко ќе играат Бугаринот Григор Димитров и Кевин Андерсон од Јужна Африка. Во полуфиналните дуели, Димитров го изненади седмиот светски рекет Британецот Енди Мареј со 2:1 (4:6, 7:6, 7:6), додека Андерсон исто така во три сета (6:1, 5:7, 6:4) беше подобар од Украинецот Александар Долгополов.
Во четврток во Индијан Велс ќе стартува првиот турнир од серијата 1000. Македонската телевизија на своите програми ќе го емитува овој и сите девет мастерси, како и завршниот турнир што повторно ќе се одржи во Лондон.