Кошарка – АБА лига

МЗТ Скопје триумфално низ Александровац!

01.03.2014 19:44

За остварување на првата цел, пласман во еврокупот, на мзт скопје му се потребни гостински победи. Затоа добредојден е третиот триумф на аеродромци и тоа кај директниот конкурент за шестата позиција во АБА кошаркарската лига, Игокеа.

Конечни 65:79, триумф на МЗТ во Лакташи, само трет пораз на Игокеа дома, во претходните два случаја славеа Звезда и Партизан. По Раднички и Партизан, падна и шампионот на БиХ. 2:0 во меѓусебните дуели, за првакот на Македонија.

Синовец со две врзани тројки во третиот период и цепелинот – потегот на мечот на Костовски и Маринковиќ, беа клучните моменти во решавачката серија во второто полувреме, што му ја донесе на нашиот претставник 11-та АБА победа сезонава и доближување на само еден минус до Игокеа на 6-та позиција.

Цветковиќ одигра неверојатна партија со 13 поени и со смирена егзекуција во финалните минути од линијата за слободни. Костовски имаше 7 поени и 4 асистенции, со што само ги потврди плејмејкерските квалитети што ќе им бидат непходни и на МЗТ и на репрезентацијата.

Маринковиќ имаше 11, Синовец со 10 поени. Следниот предизвик за МЗТ Скопје е гостувањето кај Цибона, на 9-ти март, во живо на МТВ.