Нелојалната конкуренција- проблем за туризмот
Потребна е сеопфатна стратегија за развој на туризмот, велат од Здружението за угостителство и туризам. Бараат конкретни мерки за проблемот со кој се соочуваат- недостигот од кадар, нелојална конкуренција, сива економија. Посочуваат дека имплементацијата и оддржувањето на стандардите се присутни само кај 40 проценти. Инфраструктурата и натаму проблем број еден...
Евидентирани 60 ресторани и 150 хотели, а на туристичкиот пазар се нудат над 500. Ваква е сликата во македонското хотелиерство, децидни се од Здружението за угостителство и туризам. Велат, само 40 проценти од туристичките објекти ги имплементирале стандардите и ја одржале категоризацијата, покажува спроведената анкета.
Според туристичките работници, нелојалната конкуренција и сивата економија сѐ уште се кочница за развој на секторот. Од Здружението посочуваат дека во последните години е забележлив недостигот на кадар. Бараат поддршка и сеопфатна стратегија за развој на туристичкиот сектор.
Инфраструктурата и натаму е проблем број еден, посочуваат. Велат, нема добар пристап до туристичките места.
Девизниот приход од туризмот за првите девет месеци од годинава изнесувал 196 милиони американски долари. Туристите од Турција и Србија биле најмногубројни.
Дијана Ценевска
