Вардар декласиран од Нексе
Вардар не можеше да се надева на ништо друго освен на убедлив пораз според пристапот, и односот во играта на ова гостување против исклучително мотивираниот противник кој им го нанесе петиот пораз во сезоната.
Нексе и без двајца стандардни првотимци од кои еден е најдобар стрелец во лигата, успеа да направи подвиг и за два дена дома да ги изненади најдобрите македонски екипи. Ако за поразот на Металург во Осјек можеби влијаеа српските судии Мошорински и Панџиќ, кои арбитрираа и на овој меч, вечерва единствено Вардар беше виновен за дебаклот.

Само водство од 2-0 на стартот, само 15 минути борба и натпреварувачки дух на терен беа премалку за успех против разиграниот и гладен за победа домашен состав, кој на голот го имаше фантастичниот Перица Лелиќ кој имаше 17 одбрани од 39 удари. Ако во првиот полувреме вардарци фатија приклучок и заостанаа три гола, во најголемиот дел од второто делуваа безидејно и конфузно.
Се распаднаа уште во првите 12 минути од продолжението во кои постигнаа само два гола а примија 7 со серија од 5-0 на противникот. Знаците на враќање во живот со серијата од 3-0 и достижни 4 негатива беа краткотрајни и недоволни па Нексе во финишот лесно ја потврди победата од 32-25.Утешно, Дибиров беше најефикасен на дуелот со 13 гола, 8 од седум метри, хрватскиот јуниорски репрезентативец Ивиќ прв стрелец на Нексе со 7 гола.