Субвенции за органско производство
До 25-ти декември органските производители или преработувачи можат да поднесуваат барања за субвенции. Пријавувањето е електронски во подрачните единици на министерството, а парите се наменети за поддршка за одредени активности во преработката и во тргувањето со органската храна...

До 25-ти декември трае рокот за поднесување барања за финансиска поддршка за органските преработки и за нивната продажба.
Органските фармери, може да аплицираат за субвенции за преработка и пакување на органските производи.
Субвенцијата изнесува 2 проценти од вредноста на продаденото до најмногу 150.000 денари по корисник.
Со 5 отсто или до 150.000 денари се подржува и трговија или извозот на свежи и преработени органски производи и преодот од неорганско во органско производство.
Трошоците за стручната контрола и за сертификацијата, државата ги покрива со 50 проценти, а со 70 за анализи на својствата на почвата, односно откривање на остатоци од пестициди, тешки метали и други штетни материи.
Барањата се поднесуваат електронски во подрачните единици на министерството за земјоделство.
Методија Трајков
