Лондон

Тереза ​​Меј денеска ќе се сретне со Ангела Меркел

11.12.2018 10:47

Откако го одложи гласањето за договорот во британскиот парламент, премиерката ќе се состане со лидерите на ЕУ, од кои ќе побара уверување во врска со договорот за Брегзит, со цел да ги смири стравувањата на британските пратеници.

Британската премиерка Тереза ​​Меј денеска ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел за да разговараат околу приговорите од британски пратеници против предложениот договор од Меј за излез на Велика Британија од ЕУ.

Откако го одложи гласањето за договорот во британскиот парламент, премиерката ќе се состане со лидерите на ЕУ, од кои ќе побара уверување во врска со договорот  за Брегзит, со цел да ги смири стравувањата на британските пратеници.

Претходно опозицискиот лидер Џереми Корбин истакна дека не е праведно владата еднострано да ја повлекува програмата, а парламентот да нема можност да ја изрази својата волја.

Ирскиот премиер Лео Варадкар соопшти дека со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск се согласиле дека треба да се интензивираат подготовките за Брегзит без договор, истакнувајќи дека договорот за повлекување е најдобра опција и оти за тој документ не може повторно да се преговара.

Туск на Твитер напиша дека во четврток ќе свика состанок на сите земји-членки на ЕУ, со исклучок на Велика Британија, на кој ќе се разговара за преговорите со Лондон за напуштање на ЕУ.