Ново рочиште за собраниските настани од 27-ми април, ќе сведочи Трајко Вељаноски

11.12.2018 10:50

Вчера на распит беа двајца сведоци, предложени од поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков. Нивните искази беа спротивни со оној на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа, кој тврдеше дека Чавков во критичните часови бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Продолжува судењето за собраниските настани од 27-ми април. Се очекува на денешното рочиште да сведочи поранешниот претседател на законодавниот дом Трајко Вељаноски.

Вчера на распит беа двајца сведоци, предложени од поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков. Нивните искази беа спротивни со оној на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа, кој тврдеше дека Чавков во критичните часови бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Сведоците рекоа дека Чавков им издавал наредби на началниците, но не знаеја да кажат какви наредби издавал. Тврдеа дека на 27-ми, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, прво бил во неговата помошна канцеларија во Технометал- Вардар, а за време на случувањата бил во штабот на МВР, заедно со другите колеги.

Вчера судијката Добрила Кацарска најави дека и на рочиштето закажано за четврток ќе бидат сослушувани сведоци, а во петок обвинителството треба да приложи дополнителни докази.

Според Кацарска веќе следната недела се планира обвинетите и нивните бранители да почнат со изнесување на завршните зборови.