ЕК ќе ги разгледа последиците од мерките на Макрон

11.12.2018 11:28

Претседателот Макрон објави зголемување на минималната плата за 100 евра месечно од 2019 година, поништување на зголемувањето на даноците на пензиите под 2.000 евра и ослободување од даноци за прекувремена работа.

Европската комисија внимателно ќе ги разгледа буџетските последици од мерките што ги објави францускиот претседател Макрон, со цел да го смири гневот на „Жолтите елеци“.

Претседателот Макрон објави зголемување на минималната плата за 100 евра месечно од 2019 година, поништување на зголемувањето на даноците на пензиите под 2.000 евра и ослободување од даноци за прекувремена работа.

Мерките ќе ја чинат земјата меѓу 8 и 10 милијарди евра.