СК во скијачки скокови, Лахти, К-130 екипно

Реванш на Австријците за поразот во Сочи

01.03.2014 20:24

Селекцијата на Австрија е победник на екипниот натпревар на големата скокалница во Лахти, од Светскиот Куп во скијачки скокови. По двете серии во финскиот зимски центар, квартетот во состав: Томас Дитхарт. Штефан Крафт, Михаел Хајбек и Грегор Шлиренцауер собра 970,5 бода, што беше 12,9 бода повеќе од збирот на олимпискиот првак Германија.

Андреас Ванк, Маринус Краус, Андреас Велингер и Зеверин Фројнд го освоија второто место, со само 0,5 бода повеќе од третопласираните Норвежани: Андерс Фанемел, Андреас Штјернен, Руне Велта и Андерс Бардал. Недостижен беше пиедесталот за Словенија, којашто заврши четврта, иако беше победник на првите две екипни натпреварувања во сезоната.

Во првиот поединечен натпревар во Лахти одржан во петокот славеше Германецот Зеверин Фројнд. За недела се закажани уште едни скокови во индивидуална конкуренција, по што елитата ќе ја продолжи скандиднавската турнеја до крајот на наредната недела, со натпревари во фински Куопио и во норвешки Трондхајм и Осло.