Началникот на ГШ на Црна Гора, Драгутин Дакиќ во посета на Макдонија
Во фокусот на разговорите, билтаралната соработка, трансформациските процеси во македонската армија, искуствата на Црна Гора по полноправното членство во НАТО.
Началникот на генералштабот на војската на Црна Гора, бригадниот генерал Драгутин Дакиќ во официјална посета на Македонија. Оствари средби со неговиот домаќин, началникот на генералштабот на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, министерката за одбрана Шекеринска, претседателот Иванов.
Во фокусот на разговорите, билтаралната соработка, трансформациските процеси во македонската армија, искуствата на Црна Гора по полноправното членство во НАТО.
Бригадниот генерал Драгутин Дакиќ попладнево е во посета на касарната „Илинден“, на показна вежба на Полкот за специјални операции, а ќе присуствува и на трилатералниот заеднички концерт на воените оркестри на армиите на Македонија, Бугарија и на Црна Гора во домот на АРМ во Скопје.
