САО ПАУЛО
Бразил ќе се повлече од пактот за миграција
11.12.2018 12:20
Идниот министер за надворешни работи Ернесто Араужо соопшти дека миграцијата е добредојдена, но дека не треба да биде недискриминирана.
Бразил ќе се повлече од глобалниот пакт на ОН за миграцијата, кој беше одобрен во Мароко, веднаш откако новоизбраниот претседател Жаир Болсонаро ќе стапи на должност на 1-ви јануари.
Идниот министер за надворешни работи Ернесто Араужо соопшти дека миграцијата е добредојдена, но дека не треба да биде недискриминирана.
Мора да постојат критериуми за да се осигура безбедноста на мигрантите и на граѓаните во земјата на дестинација.
Глобалниот договор на ОН за миграција беше официјално одобрен на меѓувладината конференција во Маракеш, Мароко, по што со акламација го усвоија 164 земји.
