Вработените во Клинички протестираат за зголемената цена на паркингот

11.12.2018 12:24

Со поддршка на Синдикатот за време на нивната пауза го искажаа својот револт. Нареден чекор е, велат, блокирање на наплатните места за користење паркиг.

Вработените во Клиничкиот центар протестираат за поскапувањето на месечниот паркинг билет од 300 на 800 денари. Со поддршка на Синдикатот за време на нивната пауза го искажаа својот револт.

Велат, оваа одлука ќе влијае на нивниот буџет. Нема да отстапат од нивните барања и ќе продолжат со протест додека не се повлече одлуката. Нареден чекор е, велат, блокирање на наплатните места за користење паркиг.

Градоначалникот Шилегов пак очекува со оваа мерка да се намали сообраќајниот хаос во Клиничкиот центар. Објаснува дека на вработените издадени им 1.500 месечни карти за кои плаќаат 300 денари, а на паркингот има капацитет од 670 паркинг места.