Судство

Дескоска: Амнестијата не е во надлежност на ресорот за правда

11.12.2018 12:59

Амнестијата не е во надлежност на ресорот за правда, а заедно со помирувањето се во делокруг на посебното собраниско тело, изјави министерката Дескоска. На конференција во Скопје, правни експерти дебатираа за проценката на влијание на регулативата врз Законот за судови...

Ресорот правда нема надлежност во делот на решенијата за процесот на помирување кои се подготвуваат во Собранието, вели министерката Рената Дескоска. Рече дека општиот закон за амнестија, за кој дел од затворенците почнаа штрајк и бараат ослободување, е донесен пред шест месеци и важел за определена категорија осуденици.

Дескоска рече добиено е мислење од Венецијанската комисија за Законот за судовите, кој се донесува со двотретинско мнозинство во Парламентот. Клучна измена е во областа на дисциплинската одговорност на судиите.

Џемали Саити, судија во Врховниот суд верува дека независноста на судството може да се обезбеди само со судии кои имаат интегритет.

Според Симонида Кацарска, од Институтот за европска политика важно е да се обезбеди кквалитет на одлуки за да се врати довербата во судството.

На конференција, правни експерти дебатираа за проценката на влијание на регулативата врз законот за судови.

 

Игор Панов