СДСМ: Аерозагадувањето се решава системски

11.12.2018 13:22

Социјалдемократите тврдат дека се обезбедени средства и е почнат процесот за набавка на 40 еколошки автобуси за потребите на ЈСП Скопје, кои ќе треба да заменат дел од старите нееколошки автобуси.

Долгогодишниот комплексен проблем со аерозагадувањето што 11 години беше игнориран од ВМРО-ДПМНЕ денес се решава постојано и системски со целосна ангажираност на сите институции на локално и на национално ниво, се вели во соопштението на владејачката СДСМ.

Социјалдемократите тврдат дека се обезбедени средства и е почнат процесот за набавка на 40 еколошки автобуси за потребите на ЈСП Скопје, кои ќе треба да заменат дел од старите нееколошки автобуси.

Истовремено, автобуси на еколошки горива се набавуваат и во Прилеп и во Битола. Истовремено, засилен е инспекцискиот надзор и контролата на загадувачите, за што се издадени казни на голем број правни и физички лица загадувачи, се вели во соопштението на СДСМ.