ВМРО-ДПМНЕ: Се троши за сѐ, освен за екологија

11.12.2018 13:23

Според опозициската партија, речиси 7 милијарди евра од буџетот на државата за две години се потрошени, на сѐ и сешто, само не и за намалување на загаденоста на воздухот.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат- власта која ја зацрни државата не знае да менаџира со буџетот, а парите ги троши на непотребни луксузи.

Според опозициската партија, речиси 7 милијарди евра од буџетот на државата за две години се потрошени, на сѐ и сешто, само не и за намалување на загаденоста на воздухот.

Власта се луксузира со купување автомобили, дава 1,6 милиони евра за набавка на лубриканти, над 700 илјади евра за цвеќиња и кафе, илјадници евра на морски плодови и апетисани, а ниту денар за почист воздух, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.