Младинците ќе треба добро да се испотат за пласман на ЕП

11.12.2018 13:24

Во групата 6 ќе играме со Шпанија, Црна Гора, Израел, Казахстан и Фарски Острови.

Нашата млада фудбалска селекција ги доби противниците во квалификациите за следниот континентален собир, за играчи до 21-на година.

Во групата 6 ќе играме со Шпанија, Црна Гора, Израел, Казахстан и Фарски Острови.

Од 9 групи, победниците одат директно на ЕП, а најдобрите две второпласирани селекции ќе играат меѓусебен плеј-оф.

Квалификациите почнуваат во март 2019-та, а завршуваат во октомври 2020-та година.

Европското младинско првенство со 10 репрезентации, ќе се игра во јуни 2021-та во Унгарија и Словенија.

Фото: ffm.mk