Ракомет

На грешките се учи или би требало да е така

01.03.2014 20:33

Лекцијата со поразот од Нексе пред 3 дена очигледно не ја научија ракометарите на Металург, па  дозволија одново да си поиграаат со реномето на клубот и да бидат поразени од последнопласираниот состав во Сеха регионалното натпреварување Партизан со 23-22. Не може да биде поинаку кога во цело второ полувреме ќе се постигнат само 7, а ќе се примат дури 13 погодоци. Со едно полувреме не се победува, па без оглед што Металург имаше и водство од 6 разлика, а на одмор замина со 15-10, сепак опуштањето во вториот дел ги чинеше пораз кој ги одалечува од турнирот на најдобрите 4.

Миркуловски беше најефикасен со 7 погодоци, но се повреди во финишот, додека најзаслужен за втората победа на Партизан во 15 натпревар во Сеха беше тинејџерот Александар  Радовановиќ со 6 гола од кои последниот на 2 секунди до крај и голманот Михајло Радовановиќ со 11 интервенции.