Фокус на привлекување романски, германски и шпански туристи
Соседите препорачуваат да го развиваме конгресниот туризам, но нудат и соработка за гостите од подалечните земји. Словенија го негува таканаречениот зелен туризам, а нашите хотелиери посакуваат гости од Шпанија, Романија и Германија...

Македонија подготвува долгорочна стратегија за развој на туризмот. Ќе биде опфатен периодот до 2030-та година. Надлежните велат, документот да даде одговор на клучните прашања.
Од Министерството за економија посочуват дека веќе се работи на листа на угостителски објекти, откако матичното здружение се пожали дека последната е од 2016-та година.
Земјите од регионот со совети за Македонија, да стане конгресен туристички центар.
„Македонија има добри угостители, добра храна и тоа треба да се патентира. Ние гледаме заедничка можност за далечните гости. Скопје треба да стане конгресен центар“, вели Лука Булатовиќ, Црна Гора.
Во Словенија веќе се развива зелен туризам, и тоа дава резултат.
„Ние не градевме хотели туку објекти, со кои бевме поблиску до природата. Имаме разни превози, број на преноќишта, тие го зголемуваат растот на туризмот. Секој човек на каков било начин придонесува за развој на туризмот“, изјави Нико Славниќ, Словенија.
Македонија очекува во идниот период да привлече гости од Шпанија, Романија и Германија. Веќе се работи на остварувањето на оваа цел.
Дијана Ценевска
