Истражување

Студентските трошоци приближно колку месечна македонска плата

11.12.2018 15:53

Месечно студентскиот живот чини колку една просечна плата. Последното истражување на Фондацијата отворено општество покажува дека студентите трошат околу 22.000 денари за да ги минат студентските денови. Најголем дел од парите одат на домување, превоз, школарина.

Книги, превоз, административни трошоци, домување, сметки- студентскиот живот прескап за младите. Само уверението што треба да го добијат од државните факултети чини 4.700 денари, зошто да плаќаме огромни трошоци кога во 21-ви век системот може да биде електронски, реагира студентот Петар Барлаковски.

Разговаравме за студентскиот стандард, за кој вели дека е низок, за админстративните трошоци кои според него се превисоки. За еден студент, вели, тоа е премногу и ретко кога остануваат пари за дружба по студиите, храна, кафе, кино.

Месечно студентскиот живот чини колку една просечна плата. Последното истражување на Фондацијата отворено општество покажува дека студентите трошат околу 22.000 денари за да ги минат студентските денови. Најголем дел од парите одат на домување, превоз, школарина. Според анализите, родителите се тие кои ги издржуваат студентите.

Од Младинскиот образовен форум дадоа конкретни препораки до надлежните. Конечно да ја воведат студентската картичка која била ветена од Владата пред една година, а со која би се намалиле трошоците за младите.

Истражувањето било спроведено на 945 испитаници од петте државни универзитети на 69 факултети. Најмногу административни трошоци има на скопскиот УКИМ.

 

Викторија Милевска