Мицкоски: Празна е зоната каде што Заев најави изградба на фабрики

11.12.2018 16:15

Според опозиционерот, граѓаните се жалат на лошата економска ситуација. Мицкоски изјави дека никаде не го гледа исполнето ветувањето од власта за изградба на 16 фабрики дадено пред изборите, и вработување на околу 2.500 жители.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го обвини премиерот Заев за неисполнето ветување дека во зоната Сачево ќе има нови инвестиции. Според опозиционерот, граѓаните се жалат на лошата економска ситуација.

Мицкоски изјави дека никаде не го гледа исполнето ветувањето од власта за изградба на 16 фабрики дадено пред изборите, и вработување на околу 2.500 жители.

„Се наоѓаме во зоната Сачево и како што можете да видите тука зоната е празна, нема ниту една фабрика, и ниту едно ново вработување. Ова треба да биде пример дека граѓаните на Република Македонија не треба да ја дава довербата на политичари кои само ветуваат, а ништо не исполнуваат. Граѓаните наместо живот, за возврат добија пекол“, рече Мицкоски.