Мерките на Макрон ќе чинат меѓу 8 и 10 милијарди евра

11.12.2018 16:17

Макрон во обраќањето до нацијата изјави дека ќе се намалат даноците за пензионерите, како и дека ќе се зголеми минималната плата за 100 евра месечно.

Мерките кои ги најави францускиот претседател, Емануел Макрон во обидот да го смири бранот протести низ земјата, се проценува дека ќе ќе чинат меѓу 8 и 10 милијарди евра.

Макрон во обраќањето до нацијата изјави дека ќе се намалат даноците за пензионерите, како и дека ќе се зголеми минималната плата за 100 евра месечно.

Сепак, од Синдикатот порачаа дека овие мерки не се доволни. Оттаму за в петок, повторно повикаа на мобилизација, заедно со жолтите елеци, кои рекоа дека не се импресионирани од понудата на Макрон.

Во меѓувреме, лидерката на Националниот фронт, Марин Ле Пен изјави дека Макрон се откажува од дел од своите фискални грешки, но одбива да признае дека оспоредниот модел е негов.