Владата го подготвува извештајот од јавната дебата за уставните амандмани
12.12.2018 10:36
Од Владата како овластен предлагач посочуваат дека во законскиот рок, до Собранието ќе достави извештај со главните сугестии и предлози за усовршување на нацрт- амандамните, или како амандмани на амандманите.

Јавните дискусии по нацрт- амандманите за уставни измени, завршија во предвидениот рок од пет дена. Од Владата како овластен предлагач посочуваат дека во законскиот рок, до Собранието ќе достави извештај со главните сугестии и предлози за усовршување на нацрт- амандамните, или како амандмани на амандманите.
Во понеделник почнува комисиската расправа за предлог амандманите на Уставот, а пленарната собраниска седница е закажана за 9-ти јануари.
Според роковникот, на 15-ти јануари треба да се гласа за измените на највисокиот правен акт.
