Уставните измени пред Уставен суд

12.12.2018 10:48

Деветте уставни судии треба да решат дали ќе поведат постапка за оцена на уставноста на одлуката oд 19-ти октомври годинава, по што доколку биде прифатена ќе оди на гласање.

Уставниот суд, врз основа на две поднесени иницијативи од Светскиот македонски конгрес и од физичко лице од Свети Николе, ќе ги оценува законитоста и уставноста на собраниската одлука за пристапување кон измена на највисокиот правен акт.

Деветте уставни судии треба да решат дали ќе поведат постапка за оцена на уставноста на одлуката oд 19-ти октомври годинава, по што доколку биде прифатена ќе оди на гласање.

Доколку Уставниот суд ги прифати иницијативите, одлуката може да биде поништена или да се донесе привремена мерка до одлучување, со што би се суспендирале сите поединечни дејства и акти.