Менло Парк, Калифорнија
Лажна закана за бомба во седиштето на „Фејсбук“
12.12.2018 11:01
Во зградата каде што имало вработени на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, веднаш биле испратени спацијални единици, но не биле најдени никакви експлозивни направи.

Објект на „Фејсбук“ во градот Менло Парк, во Калифорнија синоќа бил евакуиран поради закана од бомба.
Во зградата каде што имало вработени на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, веднаш биле испратени спацијални единици, но не биле најдени никакви експлозивни направи.
Според локалните медиуми, заканата за бомба била упатена преку полициска станица во Њујорк, па потоа биле известени и влaстите на Менло Парк.
