Разврска во првите 4 групи во ЛШ, по последната рунда по групи

12.12.2018 09:17

Каталонците ремизираа со Тотенхем, што се покажа доволно Англичаните да останат во елитата. Интер исто така ремизира со 1:1 и не успеа на домашен терен да го совлада ПСВ Ајндховен, со што ќе си обезбедеше елитна пролет. Барселона со 14 и Тотенхем со 8 бода од групата Б остануваат во ЛШ, Интер со 8 освоени бода продолжува во ЛЕ.

Борусија Д. со 0:2 на гостувањето кај Монако ја запечати првата позиција во групата Б, со 13 бода. Исто толку освои и Атлетико Мадрид, по ремито кај Бриж без голови, со што овие две екипи од групата А продолжуват во Лигата на шампионите, а Бриж ќе продолжи во ЛЕ.
 
Каталонците ремизираа со Тотенхем, што се покажа доволно Англичаните да останат во елитата. Интер исто така ремизира со 1:1 и не успеа на домашен терен да го совлада ПСВ Ајндховен, со што ќе си обезбедеше елитна пролет. Барселона со 14 и Тотенхем со 8 бода од групата Б остануваат во ЛШ, Интер со 8 освоени бода продолжува во ЛЕ.
 
ПСЖ убедливо славеше кај Црвена Звезда со 1:4, има вкупни 10:2 во дуелите со белградската екипа. Ливерпул минимално со 1:0 против Наполи, си обезбеди опстанок во најквалитетното европско клупско фудбалско натпреварување. ПСЖ со 11 и Ливерпул со 9 бода од Групата Ц се во елитата, Наполи со 9 продолжува во второто според ранкинг натпреварување.
 
Порто го совлада Галатасарај со 2:3, Шалке победи против Локомотив Москва со 1:0. Порто со 16 бода и Шалке со 11 продолжуваат во Лигата на шампионите, Галатасарај во Лига Европа, од Групата Д.
 
Фото: uefa.com