Франција без лидерот, ќе го брани светскиот трон

12.12.2018 09:28

Никола Карабатиќ поради повреда на стапалото и операција, ќе го пропушти СП што ќе се игра во јануари во Германија и Данска.

Дидие Динар ги избра 20-те мускетари кои што ќе се обидат да останат светски владетели, имиња меѓу кои што очекувано го нема најдобриот.

Никола Карабатиќ поради повреда на стапалото и операција, ќе го пропушти СП што ќе се игра во јануари во Германија и Данска.

Французите дополнително ќе го кратат списокот, а во групата (А) ќе играат со Русија, Германија, Србија, Бразил и Кореа.

Франција славеше во претходното финале со 33:26 против Норвешка, а Словенија ја совлада Хрватска со 31:30 и го освои бронзениот медал.

Фото: handball-planet.com