Русија одобри испраќање војска во Украина
Горниот дом на руската Дума го одобри барањето на претседателот Путин за испраќање руска војска во Украина. Ќе биде употребена „до нормализацијата на политичката ситуација во земјата“, за заштита на руското население и на персоналот на Црноморската флота. Според рускиот министер за надворешни, тоа што одлуката е донесена не значи дека ќе биде веднаш спроведена.

„Сите договори се прекршени. Нивните радикални сили ќе се упатат на Крим за да го дестабилизираат. Тоа е неприфатливо. Затоа баравме од претседателот Путин, како гарант на безбедноста на руските државјани, да ги преземе неопходните мерки“, рече Генадиј Зјуганов, лидер на Комунистичката партија на Русија.
Преодниот украински претседател Турчинов ги повика на итна средба шефовите на безбедноста. Опозицискиот лидер Кличко повикува на општа мобилизација.
„Парламентот мора да побара од врховниот командант да објави национална мобилизација на стартот на украинската агресија против Украина“, рече лидерот на „Удар“.
Одлуката на Русија ја вознемири Европската унија. Не е јасно дали барањето се однесува на целата Украина, а не само на конкретни точки како Крим.
„Полска инсистира на исполнување на гаранциите од договорот од 94-та во Букурешт, меѓу Русија, САД и Велика Британија за територијалниот интегритет на Украина“, порача министерот за надворешни на Полска Радослав Сикорски.
САД ја обвинија Русија дека се враќа на состојбите од Студената војна. Москва одговара – Обама го навреди рускиот народ со изјавата дека Русија ќе плати скапо за својата политика. Во меѓувреме, нередите се проширија во Харков, каде што проруски демонстранти ги освојуваат владините згради. На Крим проруските вооружени лица поставуваат контролни пунктови и го уништија аеродромот во Симферопол.
Ивана Салтировска