Грег Попович се доближува до нов рекорд
12.12.2018 11:19
Пред легендарниот Попович се само Дон Нелсон (1355), Лени Вилкинс (1332) и Џери Слоун (1221).

Тренерот на Сан Антонио Спарс оствари 1211 победа во кариерата, со триумфот на неговата екипа против Феникс со 111:86.
Со тоа за една го помина Пет Рајли на вечната листа на треенри со најмногу победи во НБА и сега е на четвртата позиција.
Пред легендарниот Попович се само Дон Нелсон (1355), Лени Вилкинс (1332) и Џери Слоун (1221).
Тренерот на Спарс е рекордер според бројката на победи со една франшиза, еден од петмината што имаат по 5 титули и меѓу 9-те великани кои што имаат над 1000 победи во кариерите.
