НБРМ ја олабави монетарната политика, намалена основната каматна стапка

12.12.2018 11:58

Од НБРМ објаснуваат дека ова се должи на поволните движења на девизниот пазар, стабилните очекувања на економските субјекти и на здравите економски основи.

Народна банка ја олабави монетарната политика. Донесена е одлука за намалување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, односно од 2,75 на 2,5 проценти.

Од НБРМ објаснуваат дека ова се должи на поволните движења на девизниот пазар, стабилните очекувања на економските субјекти и на здравите економски основи.

Во однос на растот на бруто-домашниот производ, централната банка вели оти има поволни остварувања на извозната страна, а позитивен придонес има и домашната побарувачка.

За последниот квартал, иако сѐ уште има недоволен број податоци, сепак, показателите за индустријата и трговијата упатуваат на натамошен раст на економијата.