Финансиската директорка на „Хуавеј“ ослободена со кауција
САД имаат 60 дена да ги испратат неопходните документи. Ако тоа не се случи до 8-ми јануари, Менг Ванжу може да биде ослободена.

Судот во Канада ја ослободи со кауција од седум милиони долари финаниската директорка на Хуавеј, Менг Ванжу која пред десетина дена беше уапсена по налог на САД кои бараат нејзина екстрадиција.
САД имаат 60 дена да ги испратат неопходните документи. Ако тоа не се случи до 8-ми јануари, Менг Ванжу може да биде ослободена.
Кина претходно ја предупреди Канада дека ќе има сериозни последици ако итно не ја ослободи финансиската директорка на Хуавеј, која е ќерка на основачот на кинеската компанија.
Ако биде екстрадирана во САД, Менг ќе биде обвинета за заговор, со цел измама на повеќе финансиски институции. За секоја точка од обвинението се предвидува казна до 30 години затвор.
