Во Македонија има 200 лиценцирани ревизори, уште 100 чекаат дозвола за работа
Во Македонија има двесте лиценцирани ревизори, уште стотина чекаат дозвола за работа. За ефикасна работа е потребно почитување на европските регулативи и имплементацијата на меѓународните стандарди. Ревизорите се согласуваат дека извештаите треба да бидат транспарентни...

Во земјава има над 200 ревизори, уште стотина чекаат лиценца. Оваа професијата зема сè поголем замав, бидејќи европските регулативи и имплементацијата на меѓународните стандарди ја прават неопходна, велат од Институтот на овластени ревизори.
Колкав ќе биде притисок врз јавните институции кои располагаат и трошат јавни средства, зависи од ревизорите, вели владиниот советник Битиќи. Тој укажува дека ревизорските извештаи треба да бидат транспарентни.
За заштита на јавниот интерес, потребно е субјектите да обезбедат релевантни податоци и да се придржуваат до професионалните стандарди.
Првата лиценца за овластен ревизор е издадена пред 5 години.
Дијана Ценевска
