Болни порази на Вардар и на Металург
Лигата на шампионите сигурно има приоритет, но сепак поради реномето македонските претставници имаат обврска и трета сезона да бидат дел од завршниот турнир во ракометната Сеха лига. Но, во тројната трка со Мешков и двете наши екипи загубија на гостувањата во 15-то коло, Вардар од Нексе со 32:25, а Металург од последнопласираниот Партизан со 23:22. Во дербито, Татран го совлада лидерот Загреб со 31:28 , но заедно се речиси на „Фајнл фор“ турнирот.
Лигата на шампионите сигурно има приоритет, но сепак поради реномето македонските претставници имаат обврска и трета сезона да бидат дел од завршниот турнир во ракометната Сеха лига. Но, во тројната трка со Мешков и двете наши екипи загубија на гостувањата во 15-то коло, Вардар од Нексе со 32:25, а Металург од последнопласираниот Партизан со 23:22. Во дербито, Татран го совлада лидерот Загреб со 31:28 , но заедно се речиси на „Фајнл фор“ турнирот. Вардар и натаму е трет со 28 бода, Металург е петти со 25, меѓу нив со 27 е Мешков кој се засили со неколку ракометари од распаднатиот Динамо Минск и утре дома ќе игра со аутсајдерот Борац од Бања Лука.
Резултати – 15 коло:
Нексе - Вардар 32:25
Партизан – Металург 23:22
Татран – Загреб 31:28
Мешков – Борац Б.Л. утре
Табела:
1. Загреб 37 (+1)
2. Татран 36
3. Вардар 28
4. Мешков 27 (-1)
5. Металург 25
6. Војводина 21
7. Нексе 17
8. Борац Б.Л. 12 (-1)
9. Ловќен 11 (+1)
10. Партизан 6
