Меј: Новиот лидер би морал да го одложи или откаже Брегзит
12.12.2018 13:41
Гласањето за позицијата на Меј доаѓа откако 48 пратеници испратија писма до претседателот на одборот кој е одговорен за раководството на партијата.

Конзервативците во британскиот Парламент попладне ќе гласаат за недоверба на лидерката на партијата и премиерка на Велика Британија, Тереза Меј.
Гласањето за позицијата на Меј доаѓа откако 48 пратеници испратија писма до претседателот на одборот кој е одговорен за раководството на партијата.
Новиот лидер би морал да го одложи или да го откаже Брегзит, изјави британската премиерка.
